Македонија со рекордна делегација од 130 учесници на Медитеранските игри Таранто 2026

Македонија ќе настапи со досега најбројна делегација од околу 130 учесници на претстојните XX Медитерански игри што ќе се одржат во Таранто, Италија, од 21 август до 3 септември, при што нашите спортистите ќе се натпреваруваат во повеќе екипни дисциплини.
Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, на денешната прес-конференција нагласи дека очекува силен настап и конкурентен резултат.
- Мислам дека имаме до сега апсолутно најбројна делегација што сме ја имале на Медитерански игри, таа ќе брои околу 130 членови. Мислам дека овој пат нема да важи само учеството, туку резултатот и очекувам помеѓу две и четири медали - изјави Димевски.
Како што дополни, потврдени се четири тимови во екипни спортови и тоа одбојка девојчиња, ракомет девојчиња, фудбал машки и три на три машки.
- Генерално сме меѓу земјите кои што имаат најмногу тимски делегации, што мене посебно ме радува, бидејќи сепак не е едноставно да имате делегација во тимски спорт на толку голем настан - рече тој.
Амбасадорот на Италија во земјата, Паоло Палминтери, на денешната прес-конференција ја истакна улогата на спортот како фактор за зближување и мир.
- Постои војна во источниот дел на Медитеранот. Игрите, уште од античките времиња, секогаш биле наменети да ја запрат војната и да испратат порака на единство. И токму Медитеранот денес го симболизира тоа. Постоеше мировна иницијатива поврзана со игрите, но светските настани ја прекинаа и ги принудија организаторите да запрат. Но кога имате спортисти што се натпреваруваат и истовремено стануваат пријатели, тоа е многу важно за создавање врски меѓу младите генерации и меѓу различните народи во Медитеранот - рече Палминтери.
На настанот беше најавена и фото-изложбата „Where Mediterranean Waves Unite“, посветена на заедничкото културно и спортско наследство на медитеранските земји.
Медитеранските игри се мултиспортски настан што се одржува на секои четири години под покровителство на Меѓународниот комитет за Медитерански игри, со учество на спортисти од земјите околу Медитеранот.
Годинашните игри што ќе се одржат од 21 август до 3 септември во Таранто, Италија, ќе бидат 20-то издание и се очекува да обединат илјадници учесници во натпревари во повеќе спортски дисциплини од 26 земји.
МИА
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
