Македонија со 17 кикбоксери на Светскиот куп во Италија – над 2400 борци од 46 држави
Македонските кикбоксери ќе бидат дел од еден од најголемите и најпрестижни турнири во светот. Од 10 до 15 март 2026 година во Лидо Дијесоло, Италија, ќе се одржи престижниот WAKO World Cup Italy 2026, каде ќе настапат и претставници од Македонија.
Нашата држава на овој голем меѓународен настан ќе ја претставуваат 17 натпреварувачи од 9 кикбокс клубови, придружувани од 9 тренери, кои ќе се натпреваруваат против елитни борци од целиот свет.
Македонската експедиција ја сочинуваат:
• КБК Шампион Скопје – 2 натпреварувачи (М.Митровски, И.Кукуновски)и 1 тренер - Д. Митровски
• КБК Гладијатор Скопје – 3 натпреварувачи (Д.Атанасовски, С.Мировски, А.Димишковски)и 1 тренер (Д.Атанасовски)
• КБК Адора Скопје – 1 натпреварувач (К.Бабоски) и 1 тренер (Н.Манојловски)
• КБК Адреналин Радовиш – 1 натпреварувач (М.Василев)и 1 тренер (В.Петров)
• КБК Енерџи Битола – 2 натпреварувачи (М.Димовска, П.Лозановски) и 1 тренер (А.Димовски)
• КБК Арена Струмица – 1 натпреварувач (П.Велков) и 1 тренер (Н.Колев)
• КБК Предатор Куманово – 1 натпреварувач (Д.Методиевски) 1 тренер (Ј.Крстевски)
• КБК Прокик фемили Скопје – 4 натпреварувачи (С.Михајловски, М.Баснарков, Д.Јачев)и 1 тренер (Ж.Михајловски)
• КБК Ронин Прилеп – 2 натпреварувачи (А.Смилевски, Р.Велески) и 1 тренер (Ф.Сливјаноски)

Дел од македонската делегација ќе бидат и интернационалните судии – Елена Неделковска и Никола Бубески, кои ќе делат правда на борбите.
На турнирот ќе присуствува и Дејан Митровски - Урко, актуелен претседател на Кикбокс Маитаи федерација на Македонија, член на бордот на директори на WAKO European Board of Directors и претседател на WAKO Balkan Kickboxing Federation.
„Ова е еден од најсилните и најмасовни турнири во светот и одлична можност за нашите натпреварувачи да се соочат со врвна меѓународна конкуренција. Очекуваме квалитетни настапи и достојно претставување на македонскиот кикбокс на светската сцена“, изјави Митровски.
Според организаторите, на турнирот ќе настапат 2420 натпреварувачи, со 4011 натпреварувачки влезови, од 471 клуб од 46 држави, што го прави овој настан еден од најголемите кикбокс турнири во светот.
Настапот на македонските кикбоксери на ваков престижен турнир претставува значајна можност за меѓународна афирмација на македонскиот кикбокс, како и за стекнување драгоцено искуство против врвна светска конкуренција.
Ново на Сител
-

Инфантино: Доколку ФИФА ги продадеше билетите за СП по пониска цена, тие ќе завршеа на црниот пазар
-

СП 2026: Властите на Мексико ќе распоредат 1.700 полицајци на денот на отворањето
-

Роналдо најплатен на СП
-

Акциска сообраќајна контрола во Сарај и Ѓорче Петров во Скопје, изречени 156 санкции, уапсени две лица
-

Венс: Нетанјаху има направено грешки, интересите на САД и Израел не се секогаш усогласени
-

Криел десет лаптопи во изнајмено возило – го фатиле цариниците на Богородица
-

Невреме со урагански ветер и град ја зафати Словенија
-

Во април за 38 проценти помалку одобренија за градење, ќе се градат 722 стана
