Loading Video...
Спорт плус
21. August 2021 - 11:49

Македонија – Словачка во дуел за трофејот на меѓународниот турнирот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“

Македонските одбојкари против Словачка ќе игра за трофејот на 45-тото издание на меѓунардниот турнирот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ што се одржува во Скопје
 
Тие од денеска го започнуваат својот настап на традиционалниот 45-ти меѓунарден турнирот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. 
 
Откако на првоиот дантпреварувачки ден на турнирот „Чајка“, македонските одбојкари ја победија Црна Гора со убедливи 3:0, вчера Словаците го сторија истото односно славеа против Црногорците истот така со убедливи 3:0. 
 
Така вечерва од 20 часот селекциите на Македонија и Словачка ќе се борат за трофејот на овој традиционален, меморијален турнир. 
 
Тоа ќе биде и последна проверка за избраниците на селекторот Душко Николиќ, пред настапот на Европскиот шампионат, на кој македнските одбојкари ќе играат во групата во финскиот град Тампере, каде покрај домашната селекција на Финска, за противници ќе ги имаат репрезентациите на Холандија, Турција, Шпанија и Русија.