Loading Video...
Спорт плус
19. August 2021 - 11:55

Македонија против Црна Гора во првата рунда од меѓунардниот турнирот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“

По кошаркарите сега во фокусот на вниманието на македонската спортска јавност ќе биде кон најдобрите одбојкари.
 
Тие од денеска го започнуваат својот настап на традиционалниот 45-ти меѓунарден турнирот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. 
 
На турнирот на кој редоследно ќе играат против, Црна Гора, Израел и Словачка.
 
Селекторот Душко Николиќ ќе има добра можност да ја провери моменталната форма на своите избраници, а воедно и да ја уигра екипата пред главниот настан, односно настапот на Европскиот шампионат. 
 
На првиот натпреварувачки ден, Израел игра против Словачка, додека Македонија за противник ќе ја има селекцијата на Црна Гора.
 
Натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“, без присуство на публика, а нашите одбојкари своите натпревари ќе ги играат во вечерниот термин од 20 часот. 
 
Потсеување дека на своето воро учество на Европскиот шампионат македнските одбојкари ќе играат во групата во финскиот град Тампере, каде покрај домашната селекција на Финска, за противници ќе ги имаат репрезентациите на Холандија, Турција, Шпанија и Русија.
 
 
РАСПОРЕД 
ЧЕТВРТОК:
17.00 ИЗРАЕЛ – СЛОВАЧКА
20.00 МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА
ПЕТОК: 
17.00 СЛОВАЧКА – ЦРНА ГОРА
20.00 МАКЕДОНИЈА – ИЗРАЕЛ
САБОТА:
17.00 ЦРНА ГОРА – ИЗРАЕЛ
20.00 МАКЕДОНИЈА – СЛОВАЧКА