Македонија прослави 35 години независност со светски музички спектакл на Давид Гета | ФОТО

Со спектакуларен концерт на светската музичка ѕвезда Давид Гета на Националанта арена „Тодор Просески“ во Скопје, синоќа беше заокружено одбележувањето на 35-годинишнината од независноста на Македонија.
Пред околу 50 илјади луѓе, Гета го приреди сценскиот перформанс „The Monolith Stadium Show“, придружен со светлосни ефекти, пиротехника и впечатливи визуелни елементи.

Вечерта започна со настапите на SEMPRE и DJ Nikifor, кои ја подигнаа атмосферата и ја подготвија публиката за главниот дел од програмата.
Настапот на Давид Гета беше дел од одбележувањето на Денот на независноста, кое годинава се одвиваше под мотото „Силно светнал ден“.

Во рамки на прославата за 35 години независност на Македонија, на 1 септември во Скопје концерт одржа и светски познатиот тенор Хосе Карерас заедно со македонски музички ѕвезди и Македонската филхармонија, а на 4 септември се одржа мултимедијалниот сценски спектакл, кој го заокружи своето патување во државата со настап на повеќе од 120 артисти.
Карванот „Силно светнал ден“ почна од Охрид на 9 август и посети 12 града во земјата. Во неговата реализација учествуваа познати македонски музички изведувачи и актери.

Музичката програма во чест на 35 години независност на Македонија беше подготвена од „Авалон продукција“ во соработка со Владата.
МИА
Ново на Сител
-

Силјановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме
-

Застанале со мотор и пукале кон петмина, МВР со детали за убиството
-

Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“, закажано ново рочиште во Кривичниот суд
-

Удрил во банкина и починал на лице место - мотоциклист загина кај Крива Паланка
-

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) победи на покраинските избори во Саксонија-Анхалт
-

Пукање во Скопје: Убиен 25-годишен маж
-

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста
-

Пет лица загинаа откако карго-авион на „Амазон“ се урна на аеродром во САД | ВИДЕО
