Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври

Македонија во октомври треба да биде организатор на состанокот Брдо Бриони, кој требаше да се одржи на Бриони, но беше откажан по заострувањето на реториката меѓу Хрватска и Србија.
- Морам да кажам дека колегата Зоран Милановиќ го разбирам зошто ја откажа веќе договорената средба на Бриони. И двајцата секако почнавме да размислуваме каде да најдеме решение. Сите во рамките на процесот Брдо-Бриони се согласуваме дека ова е единствена платформа каде што сите држави на Западен Балкан и Словенија и Хрватска, еднаш годишно разговараме. И тоа е навистина битно, рече словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар на заедничката прес-конференција со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова по средбата во Љубљана.
Пирц Мусар истакна дека не е одлучено во кој град во Македонија ќе се одржи но најави дека ќе биде во октомври.
-Сега до мај не можеме на брзина да го организираме, значи октомври, датумите ќе ги кажеме накнадно, тоа е во рацете на претседателката, рече словенечката претседателка.
Смета дека навистина е важно процесот да продолжи и сите да се присутни на состанокот.
- Значи тоа е навистина битно, и Косово и Србија се тука. И јас мислам дека некои задршки или проблеми на страна претседателот нема да има, бидејќи треба да се случи во Северна Македонија и мислам дека тоа сега е веќе факт. И уште еднаш навистина благодарам на претседателката на Северна Македонија дека ќе го организира овој процес- нагласи Пирц Мусар.
Содржински, рече, секако овој процес е исклучително битен.
- Таму седиме заеднo, се разговара за работи кои можеби не се толку проблематични, политички најпроблематични. Секогаш се обидуваме да најдеме некоја тема која ни е блиска и мислам дека со претседателката на Северна Македонија и оваа година ќе најдеме некоја тема која не не раздвојува, туку не соединува, рече словенечката претседателка, додавајќи дека тоа не значи оти не се разговара и за потешки политички теми и добро е дека е така.
Процесот Брдо Бриони е инициран од Хрватска и Словенија во 2013 година. На него учествуваат земјите од Западен Балкан и Словенија и Хрватска.
МИА
Ново на Сител
-

Финансиска полиција откри милионско затајување кај скопска фирма без специјализирана дејност
-

Годишен извештај на Ало Бушавко за 2025-та година: 19 деца сакале да се самоубијат или имале самоубиствени мисли
-

Преглед на вестите од светот
-

Одбиен предлог законот на СДСМ министрите да имаат само македонско државјанство
-

СДСМ со предлог мерки за најранливите категории граѓани
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коларевиќ и Абази се коалиција во Обвинителството, како СДС и ДУИ во политиката
-

Форумот на жени на СДСМ со пријави против омразата и навредите кон жени на социјалните мрежи
-

Неопходно е проширување на понудата за развој на туризмот
