Loading Video...
Фудбал
27. March 2021 - 15:37
Македонија ја прифаќа улогата на фаворит во дуелот со Лихјтенштајн
Најдобрата македонска фудбалска селекција е подготвена за вториот натпревар во квалификациите за СП во Катар.
По несреќниот пораз на гостувањето кај Романија, најдобрите макеоднски фудбалери утре ќе ја пречекаат селекцијата на Лихјтенштајн во дуел од 2.коло.
Селекторот Игор Ангеловски на денешната прес конференција истакна дека Македонија апсолутно ја прифаќа улогата на фаворит.
Натпреварот против Лихтенштајн што ќе се игра на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, ќе започне од 20 часот и 45 минути термин во кој ќе стартува о дуелот меѓу Романија и Германија, а во првиот натпревар од нашата група утре од 18 часот ќе играат Ерменија и Исланд
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
