Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
Продлабочување на соработката меѓу Македонија и Хрватска, регионалната стабилност, ,економските односи ,инвестициите ,инфраструктурното поврзување енергетиката ,европската перспектива како и глобалните случувања кои влијаат врз целиот европски простор и заедничките предизвици, се главните теми денеска во Охрид на средбата меѓу македонскиот премиер Христијан Мицкоски и неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ, кој престојува во официјална посета на Македонија.
Мицкоски изрази задоволство од средбата, и рече дека таа е потврда на добрите односи и пријателство помеѓу Македонија и Хрватска.
Премиерот на Хрватска Пленковиќ истакна дека потпишувањето на меморандумот во енергетскиот сектор претствува рамка за унапредување на соработката и најави продолжување на инвестициите .
Посетата беше оценета како силен сигнал за продлабочување на економските односи и отворање нови можности за регионалерн развој и соработка.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
