Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини

Македонија и Албанија денеска ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини, најави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Со ова, како што истакна Тошковски во отчетот за сработеното, се заокружува системот One Stop со сите соседни земји надвор од Шенген зоната, по премините со Србија и Косово.
- Денеска потпишуваме договор со Република Албанија за воспоставување заеднички гранични премини. Со ова го заокружуваме системот One Stop со сите соседни земји надвор од Шенген зоната, по премините со Србија и Косово, информира министерот.
Според СВР Охрид, потпишувањето е предвидено за 14 часот, на граничниот премин Блато. Договорот за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави ќе го потпишат министерот Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија, Бесфорт Љамалари. Веднаш по потпишувањето се планирани и изјави од двајцата министри.
МИА
Ново на Сител
-

Кошта во Скопје
-

Кошта доаѓа во Скопје
-

Средба Сиљановска-Пелегрини
-

Муртезани: Тврдам дека и во следниот извештај Македонија ќе биде прва земја од ЗБ по однос на спроведени реформи
-

Пендаровски потврди дека имало различни идеи за уставни измени со помош на меѓународната заедница
-

Владината реконструкција до крајот на јуни
-

СДСМ бара избори во Карпош
-

Трет обид за избор, Ислами и Џафери предложени за местото во Судски совет
