Loading Video...
Фудбал
10. October 2020 - 15:24
Македонија без четворица фудбалери отпатува на дуелот против Естонија
Со четворица играчи помалку, во однос на дуелот против Косово, македонската фудбалска репрезентација денеска отпатува за Талин каде утре ќе игра нов натпревар и тоа против Естонија во Лигата на нации.
На мечот против Естонците кој е во рамките од 3.коло во групата, селекторот Игор Ангеловски не ќе може да смета на повредените Бејтулаи, Адеми и Тошевски.
Покрај нив Ангеловски ќе ги нема на располагање ниту Елмас, како и суспендираниот Муслиу кој на дуелот против Ерменија заработи црвен картон, па ќе паузира два натпревари.
Победата над Косово и пласманот во финалето на плеј-офот, е веќе зад нас, па сега селекторот и неговите избраници комплетно се фокусирани на дуелите што престојат, утрешниот со Естонија, а потоа и во среда во Скопје со Грузија.
Натпреварот Естонија - Македонија што ќе се игра утре ќе започне од 18 часот.
Во истиот термин ќе се игра и вториот натпревар од нашата група во кој Ерменија ќе ја пречека Грузија.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
