Мајмунчето Панч, одбиено од мајката, најде утеха во плишана играчка и стана интернет сензација
Малото мајмунче Панч, кое било отфрлено од својата мајка веднаш по раѓањето, стана вистинска интернет сензација поради трогателната приказна од Ichikawa City Zoo во Јапонија. Видеа и фотографии на кои се гледа како се држи за плишана играчка брзо се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа реакции од луѓе од целиот свет.
Панч, јапонско макака родено во јули 2025 година, било напуштено од мајката веднаш по раѓањето, па негувателите во зоолошката градина ја презеле целосната грижа за него. Кога подоцна се обиделе да го вклучат меѓу другите мајмуни, забележале дека е изолирано и дека групата тешко го прифаќа. На снимките кои се појавија на интернет може да се види како другите мајмуни го оттурнуваат.

За да му помогнат полесно да се справи со стресот и осаменоста, чуварите му дале плишан орангутан. Оттогаш, Панч речиси постојано ја носи играчката со себе и ја третира како мајка, барајќи утеха и чувство на сигурност.
Откако приказната стана вирална, реагираше и компанијата IKEA, чија плишана играчка стана неразделен придружник на малото мајмунче. Претседателката и директорка за одржливост на ИКЕА Јапонија, Petra Färe, ја посетила зоолошката градина на 17 февруари и донирала повеќе нови плишани играчки.

Веста ја објави и градоначалникот на градот Ичикава, Ko Tanaka, кој на социјалната мрежа X напиша дека Панч станал миленик на јавноста и дека многумина го бодрат додека расте и се прилагодува на новата средина.
Од градските власти и зоолошката градина порачаа дека се надеваат донираните играчки да продолжат да му даваат утеха на малото мајмунче и постепено да му помогнат полесно да се вклопи меѓу другите мајмуни. Приказната за Панч и понатаму предизвикува големо внимание и симпатии на интернет.
Ново на Сител
-

Полицаец наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал, парите ги земал и приложувал стари уплати
-

Историски чекор за Иџе: Прв возач од Балканот со прототип „Норма“, само 12 вакви болиди во светот
-

Трамп: САД и Иран водат „многу добри разговори“, можен договор за Ормуската Теснина
-

Андоновски: Компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривична евиденција од основните судови
-

Маж од Скопје загина откако врз него паднало дрво при нелегална сеча во струшко
-

Уапсен 15-годишник кој возел камиот без возачка дозвола
-

Осум повредени во верижна сообраќајка помеѓу четири возила кај Битола
-

АХВ: Бугарија ги засили официјалните контроли при увоз на свежо овошје и зеленчук
