Македонија
18. September 2026 - 13:57

Мајка во банка во Центар агресивно се однесувала кон својата 22-годишна ќерка

На 17.09.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје, 22-годишна девојка од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во експозитура на банка на подрачјето на Центар, нејзината мајка М.Р.(53) агресивно се однесувала кон неа, ја влечела, туркала и ѝ упатувала закани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.