ЛШ: Вардар денеска пред тешка задача на реваншот во Финска

Македонскиот првак Вардар со два гола негатива денеска му гостува на фински Купс во реванш натпревар од воведното квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ).
На својот прв натпревар откако по пауза од осум години се врати во европските клупски натпреварувања, Вардар минатата недела во Скопје беше поразен од финскиот шампион со 2-0 и ќе има тешка задача да ја надомести негативата на реваншот во Куопио.
Тренерот на Вардар, Кристијан Фабијани, синоќа на официјалната прес-конференција рече дека очекува од своите фудбалери максимална пожртвуваност на теренот.
„Важно ми е на овој натпревар да го смениме менталитетот. На првиот дуел до голот игравме добро, но примивме гол во најлош можен момент пред крајот на полувремето. Предноста на противникот е што се во натпреварувачки ритам. Сакам да видам еден организиран Вардар кој ќе се бори на теренот за секоја топки“, рече аргентинскиот стратег на клупата на Вардар.
Реванш натпреварот меѓу Купс и Вардар започнува во 17 часот, а според информациите, целиот капацитетот од 5.000 седишта на „Варе Арена“ во градот Куопио е распродаден.
Победникот од пресметката меѓу Вардар и Купс за противник во 2. квалификациско коло во ЛШ ќе го има поуспешниот тим од дуелот меѓу Сабах од Азербејџан и велшки ТНС, додека поразениот продолжува во 2. квалификациско коло во Конференциската лига против победникот од пресметката меѓу Арарат од Ерменија и летонска Рига.
МИА
Ново на Сител
-

Заврши заложничката драма во Берлин
-

Утре продолжуваат преговорите помеѓу САД и Иран
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
