Loading Video...
Спорт плус
7. August 2021 - 19:11

ЛОИ Преглед на 15-ден: Доминација на Американците и Французите во колективните спортови

Голема доминација во екипните спортови на Американците и Французите кои освоија „грст“ медали.,

 

Четврто олимописко злато во низа за кошаркарите на САД 

Американците ја потврдија улогата на фаворити на кошаркарскиот турнир па во финалето ја совладаа Франција со 87-82. 

Иако во групната фаза „триколорите“ успеаја да ги победат, сепак Американците беа далеку подобри во финалето и стигнаа до четвртото последнователно злато, а вкупно 16-то на олимпијадите.

Кевин Дурант кој беше најефикасен на мечот со 29 поени му се приклучи на Кармело Ентони како единствените двајца кошаркари кои освоиле три златни олимписки медали.

Бронзата им припадна на кошаркарите на Австралија кои во мечот за 3.место ја победија  Словенија  107-93

 

Французинките им се реваншираа на Србинките и ја освоија бронзата

На женскиот кошаркарски турнир се одигра мечот за бронзениот медал. Како и на олимпијадата во Рио, така и на оваа во Токио во дуелот за 3.место играа Франција и Србија. 

 Французинките сега им се реваншираа на Србинките за поразот во Рио, и триколорките со убедливата победата со 15 поени разлика (91-76) го освоија среброто.

Утре во финалето (04.30 часот) ќе играат актуелните олимписки шампионки Американките и донашната селекција на Јапонија.

 

Французите им го одземаа златото на Данците 

 

Рајкометарите на Франција им се реваншираа на данците за поразот во финалето на олимпијадата во Рио. 

Во финалето на игрите во Токио, Французите славеа победа со 25-23 и ја освоија  третата олимписката пионска титула, додека Данците сега остануваа само светски прваци.

Европскиот шампион Шпанија, стигна со олимписката бронзата, откако во „малото финале“ во неизвесен меч го победија Египет со 34-33.

 

 

Злато и за француските одбојкари 

 

Супер успешниот дел на Французите во колективните спортови го заокружија одбојкарите

Тие во финалето во неизвесен меч со 3-2 ги надиграа бронзените од Рио, Русите, со што „триколорите“ стигнаа до првиот олимписки медал во машката одбојка и тоа златен  

 Во дуелот за 3.место, Аргентина по голема борба со 3-2 го доби „латино-американското„ дерби со Бразил, шампионот од Рио пред пет години, па „Гаучосите“ се радуваа на бронзениот медал. 

 

 

Американканските варетполистки повторно златни на Олимпијадата

 

Американканските варетполистки повторно повторно се закитија со златото на Олимпијадата. Тие во финалето ја победија селекцијата на Шпанија убедливо со 145 и го одбранија златото од пред пет години во Рио. 

Бронзата им припадна на ватерполистките од Унгарија кои со 11-9 ја победија Русија, која беше трета на претходната олимпијада, па сега унгарките се бронзени. Тоа за нив е прв олимписки медал во овој спорт.

 

 

„Кариоките“ го одбранија фудбалското злато 

 

Бразилците по втор пат и тоа во низа се олимписки фудбалски шампиони. „Кариоките“ во финалето по продолжение ја победија Шпанија со 2-1.  

Бразил поведе со голот на Куња во последните моменти од првото полувреме, а израмни Ојарзабал во 61.минута. Голот вреден ново злато за Бразил го постигна Малком во 109 минута 

За Бразил кој е најтрофејната нација кога е во прашање машкиот олимписки фудбалски турнир ова е вкупно седми медал.

Потсетување дека бронзата ја одвоија Мексиканците кои со 3-1 ги победија домаќините Јапонците.

 

 

Норвежаните, Сорум и Мол златни во одбојка на песок

 

Во одбојка на песок триумф на норвешкиот тандем, Кристијан Сорум и Андерс Мол кои до првиот олимписки медал за Норвешка во овој спорт стигнаа со победата од 2-0 (21-17, 21-18) над Русите, Красилников и Стојановски

Бронзата им припадна на одбојкарите од Катар кои со 2-0 ги совладаа Летонците,