Loading Video...
Спорт плус
6. August 2021 - 20:13
ЛОИ – Преглед на 14-ден: Поделени три сета медали во колективните спортови
Злато за Канаѓанките и бронза за Максиканците на фудбалските турнири
Златниот медал на женскиот олимписки фудбалски турнир им припадна на Канѓантите. Тие во финалето во кое по 120.минути игра резултатот гласеше 1-1, по подоброто изведување на пенали со 3-2 ја совладаа Шведска. Потсетување дека бронзата ја освоија Американките кои со 4-2 ја победија Австралија
Кај мажите бронзата им припадна на Макесиканците кои со 3-1 ги победија домаќините Јапонците, додека утре во финалето закажано за 13:30 часот за златото ќе играат Бразил и Шпанија
Србите против Грците ќе го бранат олимпиското злато
Ватерполистите на Србија ќе го бранат златото освоено на олимпијадата во Рио. Србите до свото ново финале стигнаа со минималната победа над Шпанија со 10-9, па во недела во финалето за златото ќе играат против Грција која со 9-6 ја сповлада Унгарија.
недела 8 Август
СРБИЈА - ГРЦИЈА 14.15 часот - злато
ШПАНИЈА - УНГАРИЈА 06.30 чазот – бронза
Кошаркарките на Јапонија во историско финале против Американките
Домаќинот Јапонија е сензационален финалисти на женскиот кошаркарски турнир. Јапонките во полуфиналето ја победија Франција и тоа со 16 поени разлика. Тие во финалето ќе играат против актуелните шампионки и фаворитки број 1 за златото Американките кои славе со 20 поени разлика во дуелот со европските првенки Србинките
сабота ФРАНЦИЈА – СРБИЈА 09.00 часот - бронза
недела САД – ЈАПОНИЈА 04.30 часот – злато
Ракометарките на Русија и Франција повторни во финалето на ОИ
Реприза на женското ракометно финале од Рио ќе гледаме и во Токиот. Имено актуелните олимписки шампионки Русинките во полуфиналето беа подобри од Норвешка со 27-26, додека Французинките со 29-27 ја победија Шведска. Така повторно Русија и Франција ќе играат во финалето. Потсетување дека пред пет години Русинките ги победија Французинките со 22-19
недела Август
РУСИЈА – ФРАНЦИЈА 08.00 часот - злато
ШВЕДСКА - НОРВЕШКА 04.00 часот - бронза
Американките ги елиминираа Србинките и закажаа дуел за златото со Бразил
Американките им се реваншираа на Србинките на идентичен начин за поразот во полуфиналето на игрите во Рио пред пет години, па сега во Токиот, Американките се оние кои ќе играат во финалето на женскиот одбојкарски турнир. Тие во првиот меч од полуфиналето ги победија актуелните рвропски и светски шампионки Србинките со 3-0, па во недела за златото ќе играат против селекцијата на Бразил славеше над Ј. Кореја исто така 3-0
недела 08. август
САД – БРАЗИЛ 06.30 часот - злато
СРБИЈА – Ј. КОРЕЈА 02.00 часот - бронза
Златото во одбојка на песок кај дамите го освоија Американките
Американките, Ејприл Рос и Аликс Клинман ги освоија златото во еден од најатрактивните спортови, одбојка на песок.
Тие во два сета го совладаа австралијскиот тандем Кленси и Дел Солар со 21:15, 21:16.
Бронза је припала Јоани Хајдрих и Анук Верж-Депре од Швајцарија кои во два сета беа подобри од Летонките, Краченок и Граудине са 2-0 (21:19, 21:15).
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
