Loading Video...
Спорт плус
6. August 2021 - 19:52
ЛОИ: Преглед - атлетика: Распределени осум сета медали поставен еден олимписки рекорд
Во „кралицата на спортовите“, атлетиката, денеска на Олимпијадата поделени осум сета на медали, а беше соборен еден олимписки рекорд.
На програмата во обете конкуренции беа и двет трки 4х100 метри на кои победија штафетите на Јамајка и Италија најбрзи на трката 4х100 метри
Кај дамите, најбрзи беа атлетичарките од Јамајка, пред Американките и Британките, кои ја истрчаа за бронза.
Кај мажите. Ппредводени од шампионот на 100.метри Џејкопс, сензационално до златото стигнаа атлетичарите од Италија кои за само 1.стотинка беа побрзи од сребрените Британци, додека бронзените Канаѓани со заостанување од 20.стотинки ја освоија бронзата
Милер Уибо од Бахамите, на импресивен начин го одбрани златиот олимписки медал во трката на 400 метри со штана само втората атлетичарка која успеала двапати во низа да стигне до златото. Доминиканката, Паулино ја го освои среброто, а легендарната, Алисон Феликс мораше да се задоволи со бронзата што е вкупно 18-ти медал за Американката од олимпијадите.
И во трката на 1.5000 метри, Феијт Кипјегон го одбрани златото од Рио. Атлетичактата од Кенија, до својот втор златен медл од олимпијадите стригна во време на нов олимиски рекор 3:53.11, минути. Среброто и припадна на Британката, Лора Муир, додека главната фаворитка Холанѓанката, Хасан на крајот заврши како трета.
Светскиот рекордер на 5.000 местри Џошиа Чептегеј од Уганда, по среброто на двојно подолгата патека, сега го освои златото, додека среброто и бронзата патуваат на градите на Канаѓанецот, Ахмед и Американецот, Челимо
Во фрлање копје златото и припадна на Шијинг Лиу од Кина која уште во првиот обид фрли 66,34 метри, што беше доволно зад себе конкурент Андрејќик од Полска и Барбер од Австралија.
Полјакот Давид Томала е нов олимписки победник на 50 километри брзо одење, откако најдолгата делница по маратонот низ јапонските улици ја мина за 3:50.08 часа.
Вредно е да се истакне дека на ова натпреварување настапи и 51-годишниот Шпанец, Хесус Анхел Гарсија, за кого ова беше осма олимпијада во низа, откако своето деби на игрите ги Гарсија ги имаше на игрите во Барселона 1992 година, па оттогаш наваму не пропушти ниту една олимпијада (Атланта 1996, Сиднеј 2000, Атина 2004, Пекинг 2008, Лондон 2012, Рио 2016 и Токио 2020)
Кај дамите, но на делницата од 20.км златото и припадна на Италијанката Антонела Палмисано, па на најубав можен начин таа го прослави својот триесетти роденден.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
