Македонија
7. February 2024 - 16:38

Лога патува во Турција – ќе се забрза ли екстрадицијата на Палевски?

Тече последниот ден од привремениот 40-дневен затвор за Љупчо Палевски во Беликесир.

Во исчекување на нова одлука на турските власти, министерот за правда патува за Турција каде утре попладне ќе се сретне со својот турски колега. Фокус на средбата ќе биде постапката за екстрадија на Палевск, за која се чека веќе 2 месеци. Дали и кога  првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски ќе биде вратен во Македонија, повеќе информации се очекуваат по утрешната средба помеѓу Лога и турскиот министер за правда.

Од македонското министерство потврдуваат дека целата постапка се води според турските закони, а тамошните власти немаат побарано нови документи освен оние кои првично беа испратени заедно со барањето за екстрадиција на Палевски.

Покрај што е  првоосомничен, враќањето на Палевски ќе треба да ја забрза и истражната постапка, неговиот исказ треба да даде одговори на клучни прашања за двојното убиство.

Истрага е се уште во тек, но информации за јавноста не се откриваат. Пред повеќе од еден месец обвинителите ги добија и обдукциските наоди за убиствата но детали не открија. Нема потврда ниту дали е пронајдено оружјето со кое се убиени Вања и Панче.

Во меѓувреме за нови 30 дена кривичниот совет го продолжи притворот и на останатите 5ца осомничени за двојното убиство кои се во истражниот затвор во Шутка. Ова е воедно и последна вакава одлука на Кривичен кој ги исцрпи законските основи за одредување притвор, за секое следно барање за продолжување на мерката ќе решава Апелација.