Loading Video...
Фудбал
24. May 2021 - 1:42

Лил е новиот француски првак

 
Екипата на Лил е новиот француски првак. 
 
Тимот на Лил славеше победа против Анжер на гостински теренс со 1-2 во последното мколо од Лига 1, со што ја сочува минималната предност од еден бод во однос на ПСЖ чиј триумф над Брест од 2-0 остана залуден. 
 
Така Лил по десет години пауза повторно се закити со шампионскиот трофеј со што ја прекина и доминацијата на ПСЖ кој во последните десет сезони освои девет шампионски трофеи. 
 
Покрај овие две екипи место во Лигата на шампионите обезбеди и Монако.
 
Имено иако тимот од кнежевството одигра без голоти 0-0 со Ленс, таа шанса ја  пропушти Лион, кој на домашен терен загуби од аутсајдерот Ница со 2-3, па Монако остана на третата позиција и ќе игра во квалификациите на Лигата на шампионите, додека Лион заедно со Марсеј ќе настапуваат во Лига Европа. 
 
Место на европската сцена обезбеди и Рен и тоа во Конференциската лига. 
 
Следната сезона во Лига 1 нема да ги гледаме екипите на Дижон и Немс додека Нант ќе разигрува за опстанок во елитното француско фудбалско друштво.