Леонардо Дикаприо жали за улогата што му ја препуштил на Марк Волберг во 90-тите

Леонардо Дикаприо „не може да замисли никој друг освен“ Марк Волберг во „Буги-ноќи“ (‘Boogie Nights’), но сепак жали што не глумел во oвaa филмска класика.
Волберг, сега 54-годишен, се прослави со улогата на Еди Адамс / Дирк Диглер во филмот на Пол Томас Андерсон од 1997 година. Но, улогата првично му била понудена на Дикаприо, кој тогаш ја одбил бидејќи веќе потпишал договор да глуми во „Титаник“ на Џејмс Камерон. Леонардо Дикаприо (50) и Томас Андерсон конечно се здружуваат за филмот „Една битка по друга“ (‘One Battle After Another’). Во новото интервју за изданието „Маверикс оф Холивуд“ – а, по повод објавувањето на нивниот заеднички филм, Дикаприо му призна на режисерот Андерсон, дека му е жал затоа што не глумел во „Буги-ноќи“.
– Ќе го кажам ова, иако си тука: Најмногу ми е жал за тоа што не учествував во „Буги-ноќи“. Тоа беше длабок филм на мојата генерација. Не можам да замислам никого, освен Марк во него. Кога конечно го гледав тој филм, едноставно си помислив: Ова е ремек-дело! Иронично е што ти си личноста што го поставува тоа прашање… Но, ова е вистината, рече американскиот глумец.
Инаку, Волберг и Дикаприо, заедно работеа и пред и после „Буги-ноќи“ – во филмот „Кошаркарски дневници“ (‘The Basketball Diaries’, 1995) и оскаровскиот „Починатите“ (‘The Departed’, 2006). Волберг говореше за нивното „специфичното мислење еден за друг“ пред снимањето во 90-тите, во интервју за „Екстра“ пред извесно време – на почетокот, пред да почнат да се дружат.
– Откако конечно стигнав до точката каде што можев да одам на аудиција и да читам со него (Дикаприо), тогаш и двајцата се погледнавме, па си рековме: „Уоу!“ Излеговме уште таа вечер и прилично брзо станавме пријатели, вели Волберг.
Во „Една битка по друга“, Дикаприо глуми спроти уште еден „Оскаровец“ – Шон Пен. Во споредните улоги ќе ги видиме Бенисио дел Торо, Тејана Тејлор, Чејс Инфинити, Реџина Хол и други познати лица.
МИА
Ново на Сител
-

Несреќа во тетовско: Мајка со две малолетни деца излетала од патот со четирицикл
-

Уапсен 36-годишен Косовец, со „мерцедес“ летал 220 км/ч на автопатот кај Гевгелија
-

Инцидент кај Куклица: Уапсена 41-годишна жена од Кратово поради напад врз посетители
-

Министерство за здравство: Епидемиолошката состојба во Гостивар стабилна
-

Нема нови случаи на западнонилска треска, последните суспектни случаи се негативни
-

Ѓорѓиевски: Грижата за Скопје нема паузи, со заедничка одговорност можеме да го зачуваме чист и уреден градот
-

Министерство за здравство: Случајот со пациентката од Струмица ќе биде темелно испитан, јавноста ќе биде навремено информирана за сите наоди
-

Багеи: Ормуската Теснина никогаш нема да се врати на состојбата пред војната
