Леклер: Дефинитивно не очекувам повторување на проблемите со сопирачките овој викенд
Возачот на Ферари, Шарл Леклер се надева на стабилни перформанси на болидот за време на етапата од Формула 1 шампионатот во Саудиска Арабија.
Минатиот викенд за време на Големата награда на Бахреин на отворањето на сезоната, возачот на Ферари наиде на проблем со нерамномерно загревање на сопирачките.
Поради големата температурна разлика помеѓу дисковите на сопирачките, Леклер често доживеа блокирање на сопирачките на почетокот на трката.
- Ова беше проблем со кој досега не сме се сретнале. Очигледно, поради овој проблем изгубивме многу време, особено во првата половина од трката. Бидејќи автомобилот беше многу тежок за возење. Но, дефинитивно не очекувам повторување на проблемите овој викенд. Јасно е дека секогаш има подобрувања во поставките на автомобилот на следната трка.
Главната трка во Џеда ќе се вози в сабота со почеток во 18 часот.
Ново на Сител
-

Младите наместо пред телефони да спортуваат
-

Во Прилеп за прв пат се одржа хуманитарната трка „Трка со срце“ на 5 и 10 км
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
