Леќа што сама му нанесува лек на окото

Истражувачите од Универзитетот на Ватерло, Канада, создадоа иновативни контактни леќи коишто можат непрекинато да му нанесуваат лек на окото, пишува списанието „Аплајд материјалс“ (Applied Materials) на Американското хемиско друштво (American Chemical Society).
Новите леќи ќе значат полза за пациентите со оштетен вид бидејќи го поедноставуваат третманот и ја намалуваат потребата од постојана употреба на капки за очи. За создавање на леќите се користел хидрогел на база на силикон, којшто се стврднува кога е изложен на ултравиолетова светлина. Овој материјал не само што е цврст и флексибилен, туку има и способност да ги задржува и постепено да ги испушта лековите.
„Амоксицилин“ – антибиотик што се користи за лекување на инфекции на очите, беше користен за целите на студијата.
Научниците веруваат дека развојот на овој метод може да биде широко користен не само во офталмологијата, туку и во други области на биомедицината.
Ново на Сител
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
