Леброн за неговата иднина: Немам што да докажам, сè сум направил, сè сум видел

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, одговори на прашање за неговата иднина по поразот на неговиот тим од Оклахома Сити со 110:115 во четвртиот натпревар од четвртфиналето на НБА плејофот.
Договорот на 41-годишникот со Лејкерс истекува на крајот од сезоната.
– Мојата иднина? Не знам, очигледно. Сè уште нè боли тој пораз. Вечерва, не знам што носи иднината. Немам што да докажам во оваа лига… Сè сум направил, сè сум видел. Само можноста да се натпреварувам и да се обидувам да освојувам шампионати е мотивирачки фактор. Тоа отсекогаш било така, изјави Џејмс за „Лејкерс Нејшн“.
Оклахома Сити ги доби сите четири натпревари од серијата (4-0) и се пласираше во полуфиналето на плејофот во НБА, каде што ќе игра против победникот од серијата Сан Антонио-Минесота (2-2).
МИА
Ново на Сител
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
