Лазаров пред СП 2025: Умерен оптимист сум

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров се надева на добри игри и резултати на претстојниот Мундијал.
Македонија која ќе игра во Вараждин, Хрватска, е единствена селекција од регионот со постојани настапи на големите натпреварувања од Европското првенство 2012. во Србија.
-Имаме 14 големи натпреварувања по ред и тоа мора да се признае е голем успех. Се надевам дека така ќе продолжиме и во иднина. Од Хрватска имаме позитивни искуства. Знаеме дека ќе имаме поддршка од нашите навивачи. Тие треба да бидат нашиот осми играч. Знаејќи го нашиот квалитет, нашиот ментатлите, кратко кажано, умерен оптимист сум. Имаме млади играчи со карактер, талент, храброст, кои сигурен сум дека допрва ќе го покажуваат својот квалитет. Македонскиот ракомет е на добар пат, истакна Лазаров на денешната прес-конференција.
Македонија на Светското првенство 2025 е во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
