Лазаров го објави списокот на ракометари за претстојните натпревари со репрезентацијата на Португалија
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денес го објави списокот на ракометари за претстојните натпревари против репрезентацијата на Португалија во рамки на квалификациите за Европското првенство 2024.
На списокот на Лазаров се наоѓаат:
голман: Никола Митревски, Мартин Томовски и Марко Кизиќ
десен бек: Томислав Јагуриноски, Мартин Серафимов и Мартин Велковски
пивот: Жарко Пешевски, Костадин Петров и Марко Стојановиќ
лево крило: Петар Атанасијевиќ и Цветан Кузмановски
десно крило: Ненад Костески и Ален Ќосевски
среден бек: Игор Ѓоргиев, Марио Танкоски, Марко Митев
лев бек: Филип Талески, Филип Кузмановски, Иван онов и Павле Атанасијевиќ
дефанзивци: Никола Марковски и Михајло Младеновиќ.
Македонската репрезентација игра во Групата - 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското Првенство 2024 кое ќе се одржи во период од 10 – 28 јануари 2024 година во Германија.
Средбите со Португалија ќе се играат на 9 март во Скопје и на 12 март во Порто.
Ново на Сител
-

Денес сончево и топло време
-

Собраниската Комисија за култура и туризам ќе одбележи 80 години од објавувањето на првата граматика на македонски јазик од Круме Кепески
-

Најмалку 21 загинат по експлозија во фабрика за огномет во Кина
-

Пожар избувна на неколку товарни бродови во иранското пристаниште Дајер
-

Вооружен маж отвори оган во близина на Белата куќа, осомничениот застрелан од Тајната служба
-

Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања
-

Иран, првпат по примирјето, ги нападна ОАЕ
-

Зголемување на цените на нафтата по нападот во ОАЕ
