Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба

Москва и Ватикан успеаја да го зачуваат дијалогот заснован на заемна доверба и покрај меѓународната нестабилност – изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на почетокот на средбата со секретарот за односи со државите на Светата Столица, Пол Ричард Галагер.
– И покрај сите потреси на нашата планета, успеваме да одржуваме доверлив дијалог со Ватиканот, заснован на заемна почит, кој, се надевам, ни овозможува да бараме позитивни и реалистични решенија – рече рускиот министер.
Шефот на дипломатијата на Светата Столица, од своја страна, истакна дека во денешната сложена меѓународна ситуација постои голема потреба од дипломатија.
– Убедени сме дека дијалогот е од исклучителна важност во вака сложени меѓународни односи и дека дипломатијата никогаш не била толку потребна во светот. Благодарни сме што имаме можност овде и сега да разговараме и претпоставуваме дека тоа ќе претставува позитивно продолжение на веќе постојниот дијалог и размената на информации меѓу нашите страни – изјави Галагер.
Тој подвлече дека Светата Столица смета оти е од витално значење да се одржува оваа комуникациска линија без оглед на сите тешкотии.
Шефот на дипломатијата на Светата Столица допатува во Русија, каде што неговата официјална посета ќе трае до 28 август. Подоцна денеска се очекува Галагер да се сретне со претставници на Московската патријаршија, како и со верниците од малата локална католичка заедница.
МИА
Ново на Сител
-

Вонредна дератизација на критични локации во Центар
-

Пожарникарите спасија мало теле на Китка
-

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар
-

Во октомври се очекува да биде ставен во функција патот од Извор до Врбјани
-

Свечено отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг Крушево 2026
-

Победниците на УС опен 2026 ќе добијат по 5,5 милиони долари
-

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Собранието демантира дека плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените
