„Лајка“: Проблемот со бездомните кучиња не почнува на улица, туку со неодговорно сопствеништво, напуштање и неконтролирано размножување

Во изминатите три дена, Јавното претпријатие „Лајка“ - Скопје го реализираше „Лајка фест - повеќе од настан“, иницијатива чија цел беше на едно место да ги обедини институциите, стручната јавност, организациите и граѓаните околу една тема што со години е присутна во нашето општество - проблемот со бездомните кучиња и потребата од системски, хумани и долгорочни решенија.
Фестивалот започна со панел-дискусија во Собранието на Град Скопје, каде претставници од Факултетот за ветеринарна медицина, Агенцијата за храна и ветеринарство, ЗЕЛС, невладини организации, прифатилишта од државата, како и гости и експерти од Загреб, Сараево и Шпанија, разговараа за реалната состојба со која се соочуваме, предизвиците во пракса и можните решенија базирани на европски искуства и модели, соопштија денеска од јавното претпријатие.
-Во текот на неколкучасовната дискусија се отворија важни теми поврзани со одговорноста на институциите, потребата од координирано делување, улогата на локалната самоуправа, важноста на стерилизацијата и одговорното сопствеништво, како и неопходноста од едукација и подигнување на јавната свест. Посебен акцент беше ставен и на фактот дека проблемот со бездомните кучиња не започнува на улица, туку најчесто со неодговорно сопствеништво, напуштање и неконтролирано размножување - пишува во соопштението.
Како продолжение на оваа порака, како што се додава, наредните два дена Градскиот парк станал место за дружење, едукација, вдомување и позитивна интеракција помеѓу граѓаните и животните.
-Преку забавно-едукативниот дел од „Лајка фест“, темата беше доближена до јавноста на поинаков, позитивен и интерактивен начин. Во рамки на фестивалот учествуваа повеќе од 50 пријавени учесници во натпреварите и активностите, голем број посетители, повеќе од 20 спонзори и партнери, како и претставници на невладини организации кои ја поддржаа иницијативата. Посетителите имаа можност да ги запознаат кучињата од ЈП „Лајка“, да разговараат со вработените, ветеринарите и дресерите, да учествуваат во едукативни и интерактивни содржини за деца и возрасни, како и да бидат дел од изложбите, игрите и активностите посветени на вдомените миленици и одговорното сопствеништво - се додава во соопштението.
Се истакнува дека особено значајно било присуството на голем број семејства, деца и сопственици на миленици, што уште еднаш, покажало дека сè поголем број граѓани сакаат активно да бидат дел од создавање похумано и поодговорно општество.
Од јавното претпријатие посочуваат дека „Лајка фест“ не бил само настан за љубители на животни, туку обид да се покаже дека преку соработка, едукација, заедништво и современ пристап може да се отвори поинаков разговор за проблемот со бездомните кучиња - „разговор во кој решението не се бара во насилство и поделби, туку во одговорност, систем и долгорочна промена“.
„Лајка“ упатува благодарност до сите институции, организации, експерти, спонзори, волонтери, посетители и граѓани кои биле дел од „Лајка фест“ и помогнале овие три дена да испратат порака дека промените се можни кога постои заедничка волја за подобро и похумано општество.
МИА
Ново на Сител
-

Македонските ракометари во група со силни противници на Светското 2027
-

Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер
-

Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани со работата на историската комисија
-

Трамп: Денеска повторно силно ќе го нападнеме Иран
-

Шампионот Вардар казнет парично поради пиротехника од ФФМ
-

Уапсен разбојник од битолско, влегол во туѓ дом, го нападнал сопственикот и му одзел личен предмет
-

ЈП Лајка: Токсичниот инсектицид ланате е отровот што деца го пронајдоа во близина на детско игралиште во Кисела Вода, утврди Институтот за судска медицина
-

Приведени 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола
