Loading Video...
Кошарка
29. јуни 2021 - 12:03
ЛА Клиперси ја продолжија финалната серија против Феникс
Предводени од Пол Џорџ и неговиот дабл-дабл учинок, кошаркарите на ЛА Клиперс се изборија за нов меч против Феникс во финалрето на Западната конференција на НБА лигата.
На средбата број пет одиграна во Феникс гостите од Лос Анџелес забележаа победа со 116-102 со што ја намелија предноста на „Сонцата“ на 3:2 во серијата подобар до четири победи.
Нов брилијантен настап кај „Клиперси“ имаше Џорџ кој средбата ја заврши со 41 поен, 13 скокови и 6 асистенции.
Девин Букер со 31 поен беше најефикасниот тим кај домаќините.
Следниот, шести натпревар меѓу Клиперси и Санс ќе се игра во Лос Анџеле во четврток наутро (3 часот), а евентуалната мајсторка би била на теренот на „Сонцата“ на 3-ти јули.
Ноќеска во 2 часот и 30 минути по полноќ во Атланта ќе се игра четвртиот меч од финалето на Истокот во кој домаќниот тим на „Холкси“ влегува со предност од 2:1 во победи во дуелот со Милвоки.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
