Кузмановски: Сакаме со позитивен резултат да ја почнеме Лигата на шампионите

Ракометарките на македонскиот првак Еурофарм Пелистер утре ја стартуваат новата сезона во Лигата на шампионите. Противник им е хрватскиот шампион Загреб, екипа која долги години е учесник во најквалитетното натпреварување.
-Среќен сум што ќе го пречекаме Загреб со најдобриот состав. Имавме неколку повредени ракометари кои изостанаа за пријателските натпревари и Суперкупот. Сега сите сме спремни и ќе го пречекаме Загреб. Максимално сме мотивирани, знам дека ќе имаме помош од нашите навивачи и очекувам полна сала. Го респектираме Загреб. Не треба да зборуваме за историјата на на овој клуб. Мотивирани сме и сакаме со позитивен резултат да ја почнеме Лигата на шампионите. Загреб има искусни ракометари. Со Игор Карачиќ добија многу во нападот. Тој ќе ги спои бековите, искусен е, поминал многу и знае како се игра на Балканот. Сигурно ќе биде мотивиран заради неговото минато со Вардар, клуб со кој ја освои Лигата на шампионите. Сепак, нашиот фокус е на нашата игра, нашата одбрана. Мислам дека сезонава ќе бидеме многу посилни, засилувањата добро се вклопија и изградивме добар систем. Имаме позитивна атмосфера и мислам дека тоа ќе биде клучот за наш успех во среда, изјави капитенот на Еурофарм Пелистер Филип Кузмановски.
Натпреварот се игра утре (среда) во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток во 20:45 часот.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Попладнево зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари поради многу висок FWI
-

Гори ниска вегетација, дрва и пченка во Горно Лисиче и депонијата на излезот од Крива Паланка
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
-

Сончево и многу топло
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
