Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски ги искажа своите впечатоци по драматичната победа над Романија (24:23) со гол постигнат во последната секунда.
„Црвено-жолтите“ ја забележаа првата победа на Европското првенство и останаа со теоретски шанси да ја поминат првата групна фаза, но сигурно си обезбедија место помеѓу носителите во баражот за Светското првенство 2027.
-Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа. Психолошкиот притисок да бркаме разлика си го направи своето. Треба да бидеме свесни дека имаме квалитет за нешто повеќе. Заслужуваме да бидеме во главната фаза. Горд сум на момците. Покажавме дека можеме. Ако победевме со поголема гол-разлика можеби ќе се надевавме на нешто. Во секој случај треба да сме среќни од прикажаното на овој турнир. Оваа генерација ветува уште поголеми резултати и тоа треба да го прикаже на теренот.
Дали нашите ракометари ќе изборат пласман во втората фаза на ЕХФ Еуро 2026 ќе се знае вечерва по завршување на натпреварот меѓу кодомаќинот на првенството Данска и Португалија. За такво нешто потребно е чудо – победа на Данска со 18 голови разлика. Средбата ќе се игра исто така во Херниг со почеток во 20 часот.
Пред комплетирање на последното, 3. коло во Б-групата, Данска е лидер со четири бода, Португалија и Македонија имаат по три, Романија е последна без освоен бод.
МИА
Ново на Сител
-

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
