Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

Крушево викендов беше домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам - МТБ Маратон. Организатори на маратронот се велосипедскиот клуб „Energi Cycling“ и Велосипедската федерација на Македонија.
Настанот беше отворен за натпреварувачи и рекреативци од целиот Балкан со цел да ги промовира локалната природа, културата и историјата, да ја подигне еколошката свест и да го поттикне велосипедизмот како спорт и рекреација, соопштуваат од Швајцарската програма „ИМЕ“.
Според организаторите, Крушево станува атрактивна дестинација за планински велосипедизам. Има нови велосипедски патеки и подобрената туристичка инфраструктура. За учесниците патеките се одлично обележани, а природата околу Крушево неверојатна.
МТБ Маратонот е дел од официјалниот календар на Велосипедската федерација на Македонија и е според стандардите на УЦИ (Union Cycliste Internationale).
- Ова е првпат да се одржи државно првенство во дисциплината маратон. Натпреварувачите кои се пласираа во генералниот пласман освоија УЦИ поени и се најдоа на светската ранг-листа на Светската велосипедска федерација, вели Љубиша Кондев од клубот „Energi Cycling“.
Беа доделени признанија и награди во сите возрасни категории. Учесниците можеа да изберат меѓу две рути: мал маратон од 25 километри со искачување од 650 метри и голем маратон од 75 километри со искачување од 2.000 метри.
Крушево е препознатливо по параглајдерство, во јули и август се европсјките и светски првенства, а со добра инфраструктура станува атрактивно и за планинскиот велосипедизам.
Маратонот се одржа со поддршка од швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост „ИМЕ“, на Општина Крушево и на хотелите Панорама и Монтана.
Ново на Сител
-

РК Вардар во ретро дресови ќе го прослави 65 роденден
-

Трамп: Израел не ме убеди да го нападнам Иран, тоа беше моја одлука
-

Министерство за здравство: Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија
-

Уапсени две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без дозвола, еден возел во спротивна насока
-

Уписите на првачињата почнуваат во мај
-

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
