Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против две физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Намерно предизвикување стечај“ и „Оштетување или повластување на доверители“.
Како што информираат од Управата, првопријавениот Ѓ. З., во својство на управител и сопственик на правното лице, како законски застапник и овластено лице за располагање со средствата и сметките на правниот субјект, во содејство со второпријавениот А. С., во периодот од 2022 година до 2024 година, дејствувајќи заеднички и со однапред утврдена намера, презеле дејствија насочени кон намерно доведување на правниот субјект во привидна финансиска немоќ и економска пропаст.
- Во реализација на оваа намера, пријавените, спротивно на должноста за совесно, одговорно и законито управување со имотот и средствата на друштвото, склучувале штетни договори и вршеле пренос на парични средства и друг имот на лица блиски до првопријавениот Ѓ. З., без постоење реален правен и економски основ за таквите трансакции. Дополнително, првопријавениот, користејќи ја својата положба на управител, склучил договори за отуѓување на движен и недвижен имот во сопственост на друштвото по цени кои биле очигледно и значително пониски од нивната реална пазарна вредност, без економска оправданост и спротивно на интересите на друштвото и неговите доверители, појасн.
На овој начин, континуирано и систематски ги извлекувале средствата од друштвото, значително ја намалиле вредноста на имотот на друштвото и ја оневозможиле можноста доверителите да ги намират своите побарувања, како непосредна последица на што друштвото било доведено во состојба на трајна неликвидност и неспособност за исполнување на своите обврски, што резултирало со отварање стечајна постапка.
Со наведените дејствија, велат од Финансиската полиција, пријавените ги оштетиле доверителите во износ од 13.268.816 денари и прибавиле противправна имотна корист за себе и за лица во роднинска врска во износ од 73.538.152 денари.
МИА
Ново на Сител
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
-

По Аеродром, нови пријави за насилство врз малолетници во Центар и Карпош
-

Филипче го одби Мицкоски и за гласање на дијаспората преку писмо
-

Златни денови на Кратово
-

Рокас: Убеден сум дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме извонредни резултати
-

Ребалансот е насочен кон инвестиции и развој, смета власта, додека опозицијата со спротивен став
-

Јавна дебата за продолжувањето на А-интегрираната дозвола за Титан Усје
-

Рокас: Реформите напредуваат
