Македонија
15. July 2026 - 12:29

Кривична против Кумановецот кој пијан го малтретирал семејството, пренесен e во „Демир Хисар“

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.Ц. (56) од Куманово поради сомнение дека го сторил кривичното дело „загрозување на сигурноста“ според член 144 став 3 од Кривичниот законик.

Според информациите од полицијата, пријавениот во подолг временски период, под дејство на алкохол, вршел психичко и физичко насилство врз членови од неговото семејство.

На 11 јули 2026 година, тој психички ја малтретирал својата сопруга и се обидел физички да ја нападне. По настанот, лицето било пренесено во Психијатриската болница во Демир Хисар.

Ново на Сител