Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари

Надворешната канцеларија за криминалистчки работи Струга поднесе кривична пријава против А.С.(67) и Д.С.(42), двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик соопшти МВР.
На 06.08.2026 во Струга, пријавените довеле во заблуда 88-годишник и му одзеле 300.000 денари. Тие побарале од него да им донесе денари за да ги види сопругата на едниот од нив, која била од странска земја, а за возврат ќе го награделе.
Тој ги донел парите и им ги дал, а тие како гаранција му дале чанта за која му кажале дека има околу 10.000 евра внатре. Пријавените заминале, а откако не се вратиле за половина час оштетениот си заминал дома. Кога ја отворил чантата видел дека нема пари во неа и сфатил дека е измамен.
Ново на Сител
-

СДСМ предложи закон за помош на земјоделците
-

Преглед на вестите од светот
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
