Криптовалутите под притисок: Биткоинот и алткоините губат од вредноста

Пазарот на криптовалути влегува во фаза на продолжена корекција под влијание на острата реторика на Федералните резерви на САД (ФЕД), растот на геополитичките тензии и прелевањето на капиталот во акции на компании од секторот за вештачка интелигенција, што би можело да го доведе биткоинот до тестирање на нивото од 70.000 долари до крајот на мај. Ова го изјави Александар Баришников, управник на фондот „Мајнинг“ во УК „Рекорд капитал“.
„За неделата од 11 до 17 мај, биткоинот загуби 5,78 отсто од вредноста, спуштајќи се на 77.457 долари, додека етереумот падна уште повеќе – за 10,13 отсто, на 2.131 долар. Алткоините ги губат позициите на сите фронтови. Очигледно е дека капиталот се прелева во акции на ИА-компаниите, кои продолжија да соборуваат рекорди по укинувањето на ограничувањата за извоз на чипови на ’Нвидија’ во Кина“, изјави експертот.
Друг значаен фактор е влошувањето на макроекономското опкружување. Последните податоци за инфлацијата во САД ги засилија очекувањата дека Федералните резерви ќе ја задржат строгата монетарна политика. Дополнителен притисок врз пазарот создадоа и изјавите на новиот шеф на ФЕД, Кевин Ворш, за неговата посветеност на рестриктивната политика.
МИА
Ново на Сител
-

Најдобро место за преселба: Просечната месечна плата во Лихтенштајн е 8.249 евра
-

Убиство во Битола: Маж си ја уби 31-годишната сопруга
-

Македонскиот извоз на фудбалери меѓу Топ 50 во светски рамки
-

Во израелски напади врз Либан загинаа 22 лица, од кои осум деца
-

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско
-

Француските обвинители бараат седум години затвор за Никола Саркози
-

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца
-

Најсвежо на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија
