Крадец на накит проголта обетки од „Тифани“ вредни над 700.000 евра

Крадец на накит од американската сојузна држава Флорида украл обетки вредни вкупно околу 770.000 долари (720.000 евра), коишто при апсењето ги проголтал.
Џаетан Гилдер (32) им се претставил на вработените во специјализираната продавница „Тифани“ како претставник на кошаркар на НБА-кошаркарскиот клуб Орландо меџик, пред да биде одведен во ВИП-соба. Таму му биле покажани неколку парчиња накит од високата класа, се вели во соопштението на полицијата.
Вработените му покажале на наводниот „ВИП-гостин“ пар дијамантски обетки од 4,86 карати, вредни 160.000 долари, обетки од 8,19 карати во вредност од 609.000 долари и прстен од 5,61 карат со дијамант, што се проценува на 587.000 долари, се наведува. Потоа, тој ги грабнал трите парчиња накит, но бегајќи од вработените, го испуштил прстенот, но ги проголтал обетките.
Крадецот подоцна е уапсен и затворен во Округот Вашингтон.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Петрова: Условот е европски
-

Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието
-

Планот на Мерц пред лидерите на Западен Балкан во Тиват
-

СДСМ: Младите на референдум да одлучат за иднината
-

Гужвите на Богородица продолжуваат - Грција бара нови решенија
-

13 годишник загина возејќи електричен тротинет во Куманово - дали е потребна построга регулатива?
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
