Loading Video...
Кошарка
1. February 2021 - 15:21
Кошаркарките нема да играат во квалификациите за ЕП
Македонската женска кошаркарска репрезентација нема да отпатува за
Рига, каде требаше да ги одигра последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство 2021.
Двата позитивни случаи на Ковид-19 во нашиот табор и тоа во стручниот тим се причината поради која нашите кошаркарки нема да ги играат дуелите против Летонија и на Хрватска, предвидени за 4. односно 6. февруари.
Како основна причина за откажување на настапот на нашата женска сениорска селекција на „балонот“ во главниот град на Летонија, се два позитивни случаи на Ковид-19, кои беа потврдени на задолжителното тестирање од корона вирус направено во Охрид, непосредно пред тргнувањето за Рига.
Во комуникацијата со нашата федерација и ФИБА констатирано е дека не постојат здравствени услови нашите кошаркарки да отпатува и да биде дел од „балонот“ во Рига, се вели во изјавата на генералниот секретар на федерацијата Владимир Георгиевски.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
