Коперник: Западна Европа забележа рекордни температури во јуни и јули

Западна Европа ги имаше најтоплите јуни и јули досега, со просечна температура од 21,62 степени Целзиусови, објави денеска Службата за климатски промени на европската програма „Коперник“.
Тоа е за 2,79 степени над просечната температура за јуни во периодот од 1991 до 2020 година.
Мерењата покажаа и дека температурите се намалувале од запад кон источна Европа и Скандинавија, каде што било значително постудено.
Гледано на ниво на цела Европа, јули бил 11-ти најтопол во историјата, со просечна температура од 20,49 степени.
На глобално ниво, минатиот месец бил втор најтопол јули досега, исто како и јули 2024 година, со просечна температура од 16,9 степени, односно 1,47 степени над прединдустрискиот просек за јули. Рекордот и натаму го држи јули 2023 година, со просечна температура од 16,95 степени.
Западна Европа од крајот на пролетта помина низ невообичаено долг период на високи температури, со четири топлотни бранови од крајот на мај.
Податоците на „Коперник“ датираат од 1950 година, а за некои мерења и од претходни периоди.
МИА
Ново на Сител
-

„Вашингтон пост“: Трамп планира градежни проекти во Белата куќа во вредност од најмалку 927 милиони долари
-

Ќерката на Бил Гејтс обвинета за контроверзна практика што на компанијата ѝ носела приходи
-

Мицкоски за 25 години Рамковен договор: Минатото не можеме да го промениме, но можеме да одлучиме каква иднина ќе изградиме
-

Во јуни издадени за 39 отсто повеќе одобренија за градење од лани
-

Општина Касандра на Халкидики продолжува со отстранувањето на нелегално поставената опрема на плажите
-

Сиљановска-Давкова: Струга е пример за вредностите на Рамковниот договор и соживотот
-

Пронајдена дрога во кичевско, уапсени две лица
-

Ликот на Ерлинг Халанд осамна на 469 килограми кокаин вреден 20 милиони долари
