Конференција за регионална соработка и евроинтеграции: Во фокус парламентарниот надзор и проширувањето на ЕУ

Улогата на ефикасниот парламентарен надзор во унапредувањето на процесот на пристапување кон Европската Унија ќе биде во фокусот на конференцијата „Регионална соработка за интеграција во ЕУ“, што ќе се одржи денсека во Собранието.
Конференцијата ќе почне во 9:30 часот со сесијата „Чувари на реформските процеси: Како да се зајакне парламентарниот надзор врз реформската агенда?“, на која ќе говори Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика, по што е предвидена заедничка дискусија.
Како што е најавено, на сесијата ќе се разгледуваат стратегиите и алатките за зајакнување на улогата на парламентите во земјите од Западен Балкан при следењето на спроведувањето на реформската агенда и поврзаните процеси, со цел реформските заложби да резултираат со конкретен и транспарентен напредок.
Во вториот дел од конференцијата, од 11:30 часот, ќе се одржи сесијата „Од документи за јавни политики до реалност: можни сценарија за новиот тек на процесот на проширување“, на која ќе се обрати Александар Андрија Пејовиќ, по што исто така ќе следува дискусија.
Организаторите посочуваат дека на оваа сесија ќе биде даден преглед на актуелните политики и случувања во ЕУ поврзани со можните измени во методологијата за пристапување и нивното влијание врз идниот тек на процесот на проширување.
МИА
Ново на Сител
-

Трето државно квиз првенство
-

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“: Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода
-

Голема акција на МВР: Претреси на дваесетина локации поради фалсификувани возачки дозволи
-

Лабораториски произведен протеин од јајце стигна до големите маркети во САД
-

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше вреќи и кутии ѓубре во Радика
-

Во пожар во Шуто Оризари изгореа неколку објекти
-

Намален бројот на одобренија за градба
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
