Конан О'Брајан домаќин на 97. доделување „Оскари“

Конан О’Брајан ќе биде водител на 97-то доделување на „Оскарите“, коешто ќе се одржи на 2 март оваа година. Оваа информација ја потврдија извршниот директор и претседателката на Академијата за филмски уметности и наука во САД, Бил Крамер и Џенет Јанг, пренесува „Н-1“.
„Конан е совршената личност за оваа улога, благодарение на неговиот брилијантен хумор, љубовта кон филмот и искуството во водењето ТВ-програми… Неговата способност да се поврзе со публиката ќе ни помогне да создадеме незаборавна прослава на филмската индустрија и да им оддадеме чест на извонредните филмови и творци од оваа година“, се вели во соопштението.
На оваа вест реагираше и самиот О’Брајан.
-Америка тоа го бараше и сега тоа се случува. А, во другите вести: Јас сум домаќин на „Оскарите“!, изјави комичарот во свој стил.
Во јули претходната година беше објавено дека Џими Кимел, кој претходно четирипати ја водеше свечената емисија, одлучил да не биде домаќин на овогодишната свеченост.
Конан О’Брајан, роден 1963 година, е американски ТВ-водител, комичар, сценарист и продуцент, можеби најпознат како водител на својата емисија „Конан“ којашто се прикажуваше од 2010. до 2021 година. Пред да стане водител, О’Брајан работел како сценарист на популарната емисија „Сабота навечер во живо“ (Saturday Night Live), како и на цртаната серија „Симпсонови“ – од 1991 до 1993 година.
О’Брајан стана водител на „Доцна навечер“ (Late Night) во 1993 година, откако Дејвид Летерман се пензионираше. Потоа го водеше ноќното шоу цели 22 години. Познатиот водител е оженет со Елизабет Пауел со која има две деца – син и ќерка.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски учествува на годишниот состанок на УО Центарот за извонредност во финансиите - ЦЕФ
-

Мицкоски: Граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се одолжат
-

Врховен суд на Македонија домаќин на XVI годишна конференција на врховни судови од Централна и Источна Европа
-

ШКЛ - од денес до 30-ти јули, Штип во знакот на културата
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
