Комисијата за заразни болести бара укинување на ковид мерките
Транзиција од пандемија на ковид кон живеење со ковид. Комисијата за заразни болести препорача укинување на сите постоечки мерки кои предевидуваа задолжително носење на маски во болници, аптеки, старски домови и јавен превоз. По три години живеење со вирусот кој беше причина за илјадници починати во земјата, сега ќе го третираме како вообичаено заразно заболување. Но препораката за вакцинација останува.
-препораката за вакцинација останува бидејќи таа е причина што имаме рекордно најмалку на неделно ниво и затоа комисијата препорачува вакцинација особено за постарите и оние со повеќе коморбидитети, изјави Злате Мехмедовиќ портпарол на КЗБ.
Последната недела биле регистрирани само 66 со ковид 19 што според доктор Мехмедовиќ е најниска бројка во последниот период. Сепак, и покрај укинување на задолжителните мерки, им укажаа особено на хронично болните да носат маски во болнички установи.
-Искуството ни кажа носењето на заштитни маски придонесе во заштита од ширење на интрахоспитални инфекции и затоа препорачуваме да носат маски во болница, вели Мехмедовиќ.
Минатата недела СЗО прогласи крај на тригодишната пандемија со образложение дека ковид 19 повеќе не претставува глобална здравствена вонредна состојба.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
