Комарци првпат забележани на Исланд

За првпат во историјата, комарци се најдени на Исланд. Имено, три единки од видот „Culiseta annulata“ се откриени овој месец, од страна на Бјорн Хјалтасон во неговата градина во Општината Кјос во западен Исланд, кој за „Исланд монитор“ (Iceland Monitor) изјави дека никогаш порано не видел вакви инсекти.
-Веднаш можев да кажам дека ова е нешто што никогаш порано не сум го видел, рече Хјалтасон за првата најдена единка.
Од 16 до 18 октомври, тој фати уште два комарци, по што ги испратил трите единки за проучување и идентификација кај Матијас Алфредсон – ентомолог во Исландскиот природонаучен институт. Тој потврдил дека станува збор за видот „Кулисета анулата“, и оти две се женки и еден мажјак.
На Фејсбук, по тој повод, Хјалтасон напиша дека „последната тврдина падна“, бидејќи Исланд досега се сметаше за една од земјите каде што нема комарци. Тој рече и дека се сомнева дека комарците пристигнале во неговата градина од пристаништето Грундартанги, оддалечено само шест километри, каде што пристигнуваат бродови и контејнери, каде што би можело да има комарци.
МИА
Ново на Сител
-

Макрон: Франција и Германија повторно се приближуваат и ќе ја зајакнат соработката
-

Велика Британија ќе испрати дополнителни 400 војници во Естонија за зајакнување на источното крило на НАТО
-

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот
-

Муцунски на министерски состанок во Вашингтон: Современите закани бараат координиран одговор и силни институции
-

Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
-

Лишен од слобода скопјанец баран со потерница за затворска казна од една и пол година
-

Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје, нестабилно и во Полог и Овче Поле
-

ЦУК: Регистрирани пет пожари на отворен простор, еден сѐ уште активен
