Комарци првпат забележани на Исланд

За првпат во историјата, комарци се најдени на Исланд. Имено, три единки од видот „Culiseta annulata“ се откриени овој месец, од страна на Бјорн Хјалтасон во неговата градина во Општината Кјос во западен Исланд, кој за „Исланд монитор“ (Iceland Monitor) изјави дека никогаш порано не видел вакви инсекти.
-Веднаш можев да кажам дека ова е нешто што никогаш порано не сум го видел, рече Хјалтасон за првата најдена единка.
Од 16 до 18 октомври, тој фати уште два комарци, по што ги испратил трите единки за проучување и идентификација кај Матијас Алфредсон – ентомолог во Исландскиот природонаучен институт. Тој потврдил дека станува збор за видот „Кулисета анулата“, и оти две се женки и еден мажјак.
На Фејсбук, по тој повод, Хјалтасон напиша дека „последната тврдина падна“, бидејќи Исланд досега се сметаше за една од земјите каде што нема комарци. Тој рече и дека се сомнева дека комарците пристигнале во неговата градина од пристаништето Грундартанги, оддалечено само шест километри, каде што пристигнуваат бродови и контејнери, каде што би можело да има комарци.
МИА
Ново на Сител
-

1.200 пациенти со повраќање, дијареја и температура побарале медицинска помош во Гостивар
-

Косовец со БМВ влечел цариник на Блаце откако му ја забележал кесата дрога под седиштето
-

Му се скршил ножот, па убиството на својата мајка го довршил со ножици – доживотен затвор за Петар Станковски
-

Јавното обвинителство во Гостивар спроведува истрага за случајот со можна неисправност на водата за пиење
-

Baby boom во Прилеп: За 10 часа родени седум бебиња, за два дена вкупно 12
-

„Екс-ју авиејшн“: Скопскиот е најбрзорастечки меѓу аеродромите во поранешна Југославија
-

За викендот сончево и многу топло до 40 степени
-

Сомнеж за загадување на водата во Гостивар: Поставени пумпи во корито на отпадни води
