Комарци првпат забележани на Исланд

За првпат во историјата, комарци се најдени на Исланд. Имено, три единки од видот „Culiseta annulata“ се откриени овој месец, од страна на Бјорн Хјалтасон во неговата градина во Општината Кјос во западен Исланд, кој за „Исланд монитор“ (Iceland Monitor) изјави дека никогаш порано не видел вакви инсекти.
-Веднаш можев да кажам дека ова е нешто што никогаш порано не сум го видел, рече Хјалтасон за првата најдена единка.
Од 16 до 18 октомври, тој фати уште два комарци, по што ги испратил трите единки за проучување и идентификација кај Матијас Алфредсон – ентомолог во Исландскиот природонаучен институт. Тој потврдил дека станува збор за видот „Кулисета анулата“, и оти две се женки и еден мажјак.
На Фејсбук, по тој повод, Хјалтасон напиша дека „последната тврдина падна“, бидејќи Исланд досега се сметаше за една од земјите каде што нема комарци. Тој рече и дека се сомнева дека комарците пристигнале во неговата градина од пристаништето Грундартанги, оддалечено само шест километри, каде што пристигнуваат бродови и контејнери, каде што би можело да има комарци.
МИА
Ново на Сител
-

Меси: Шпанија беше подобра
-

Кривична за вработен на Меѓународниот универзитет во Тетово, присвоил 3.362.272 денари од студенти
-

Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
-

Орце Ѓорѓиевски: Кој работи и греши
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје од денес до 23 јули
-

Две жени и еден маж загинаа во превртен „мерцедес“ кај Блаце, од скопскиот аеродром патувале кон Косово
-

Родри прогласен за најдобар играч на Светското првенство 2026
-

Нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на Светското фудбалско првенство
