Македонија
13. April 2023 - 21:15

Кој треба да влезе во Преамбулата, Бугарите или македонските Бугари

„Јас бев тој кој успеа да ги убеди сите европски лидери и институции, влезот на македонските Бугари во Уставот “

Ова е дел вчерашната изјава на бугарскиот претседател Радев како одговор на шефот на државата Пендаровски. Но, во неа освен вообичаените бугарски ставови, Радев користи и термин што треба да влезе во Уставот: „македонски Бугари“, наместо само Бугари. И тоа не е прв пат кога бугарски авторитети коментираат дека во Преамбулата не Бугарите треба да бидат доопределни како македонски.

Познавачите коментираат дека тоа прави голема разлика во суштината и ја потврдува контроверзната бугарска теза за „еден народ во две држави“.

 „Перфиден бугарски обид Бугарите во македонскиот устав да влезат не како сите други, како „дел од бугарскиот народ“ туку како „Македонски Бугари“, е навестување кое, како термин, деновиве од уста не го вадат и бугарскиот претседател Радев и неговиот времен министер за надворешни работи, Милков…Ама „македонски“ Бугари овде нема како што во Бугарија нема „бугарски Македонци“. Има Македонци во Бугарија бугарски државјани идентично како што има Бугари во Македонија македонски државјани. Просто“, пишува  поранешниот новинар Иванов.

Но, проблем во терминологијата има и кај друга етничка заедница која ги чека новите уставни промени – Торбешите. Тие одбиваат да се идентификуваат со Македонци-Муслимани како што беа категоризирани во времето на СФРЈ и бараат како такави да бидат впишани во Преамбулата. Велат дека се реалност, сами се идентификауваат со овој назив, зборуваат македонски јазик, имаат свои етнооблежја, но и бројките од пописот се на нивна страна, вели Дурмиши, активист за правата на Торбешите.

Пакетот за проширување на етничките заедници во Македонија, според досегашните најави треба да ги опфаќа и Евреите, Хрватите и Црногорците.