Кој ќе одговара за здравствената криза во Гостивар?
Микробиолошката анализа на земените примероци вода ќе покаже што ја предизвика здравствената криза во Гостивар. Граѓаните се уште се во паника и страв и бараат одговори како над 1200 лица за три дена со речиси идентични симптоми на труење побарале лекарска помош. Во гостиварската болница на опсервација има неколку деца а персоналот успешно се справува со напливот на болни, потврди министерот за здравство кој денеска го посети градот откако претходно надлежните ја забранија водата од чешмите за пиење и приготвување на храна.
- „Од вчера се зема колпокултура и се прават сите неопходни лабораториски анализи и е проширена можноста да се бараат траги од адено и рота вирус. Значи, повеќе институции вклучени во епидемиолошкиот дел и повеќе типови на истраги, за да се исклучат сите опции: од тешки метали, од паразити, вируси, бактерии, Ни требаат многу повеќе епидемиолошки анкети за да најдеме кој е причинителот и да ги поврземе можните извори, изјави Сашо Клековски, министер за здравство
Три пумпи биле поставени во корито со отпадни води преку кои. Според сомневањата вода се вбризгувала во главниот цевковод, поради што обвинителството веќе истражува дали има елемени на крвично дело Шокиран од целиот случај е и премиерот Мицкоски, кој вели дека одоговорност ќе има.
-Не можам да разберам некои луѓе како може така дрско да се однесуваат и така несовесно да се однесуваат. Просто е неверојатно како така лесно ги прифаќаат овие работи и како се одлучуваат да прават вакви работи. Ова за мене е сѐ шокантно и со неверување е ова што некој го направил. Но ќе има одговорност, и таа одговорност нормално во рамки на судски процеси ќе треба да се контатира, изјави премиерот Мицкоски.
И покрај бурните реакции на социјалните мрежи дека некој си поигрува со здравјето на граѓаните и мерките што ги преземаат надлежните, засега само градоначалникот на Гостивар кој инаку е лекар и директорката на јавното претпријатие за водовод и канализација сметаат дека нема официјални докази дека труењето е од водата од чешмите.
Град Скопје денеска испрати цистерни со питка вода за гостиварци а Орце Ѓорѓиевски кој е и претседател на ЗЕЛС, упати апел до колегите градоначалници, во рамки на своите можности да понудат и испратат помош.
Засега нема услови за прогласување на епидемија велат надлежните. Диајареа, покачена температура и повраќање се симптомите што ги имале речиси сите гостиварци кои побарале лекарска помош.
-
Сања Димитровскa
Сите содржини од овој новинар
