Кои се тројцата луѓе во светот што можат да патуваат без пасош?
За речиси секој човек во светот пасошот е неопходен документ за патување во странство. Сепак, постојат три исклучоци – британскиот крал Чарлс Трети, јапонскиот император Нарухито и неговата сопруга, царицата Масако.
Кралот Чарлс Трети не мора да поседува британски пасош бидејќи пасошите во Обединетото Кралство се издаваат во име на монархот. Поради тоа, британскиот суверен не поседува сопствен пасош кога патува во странство. Оваа привилегија не важи за другите членови на кралското семејство – кралицата Камила и принцот Вилијам, на пример, имаат пасоши.

Другите два исклучоци се јапонскиот император Нарухито и царицата Масако. Специјалната практика во Јапонија потекнува од 1971 година, кога било оценето дека не е соодветно императорот и царицата да бидат подложени на вообичаените процедури за издавање пасоши и визи.


Тоа, сепак, не значи дека тие едноставно ја преминуваат границата без никаква документација. При нивните патувања се применуваат посебни дипломатски процедури, а земјата-домаќин однапред е известена за посетата.
Останатите членови на јапонското царско семејство при патувања во странство користат дипломатски пасоши.
Ново на Сител
-

Сорос подарил 74% од своето богатство, Безос помалку од 5%: Колку навистина донираат најбогатите Американци
-

Венецуела е се поблиску до договор за префрлање над 4 милијарди долари резерви на злато во Њујорк
-

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа
-

Фон дер Лајен: ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина
-

Пентагон размислува да повлече речиси една третина од американските сили од Европа и да ги распореди во Кина и Иран
-

Од 1 октомври, голема промена во Хрватска – Се воведува сидрена цена
-

Сончево со локална облачност
-

Мицкоски: Членството во ЕУ треба да е по заслуга, но во нашиот случај тоа не е така
