Кoи се разликите меѓу двете водечки вакцини против Ковид-19?

Вакцината на компанијата „Модерна“ е многу слична на онаа на „Фајзер“ / „Бионтек“ одобрена во Велика Британија, САД, Канада и некои други земји, а наскоро се очекува да добие зелено светло и во Европската унија.
Сепак, постојат неколку клучни разлики. Една од најважните е што вакцината на „Модерна“ може да се чуваат во конвенционални ладилници, што ја олеснува дистрибуцијата до помалите медицински центри и локалните заедници.
За разлика од „Фајзер“, која е позната фармацевтска компанија, „Модерна“ е биотехнолошка компанија со седиште во Кембриџ, Масачусетс, пишува Си-ен-ен.
„Модерна“ е основана во 2010 година и досега нема пласирано ниту еден производ на пазарот, ниту има добиено одобрение од амариканската Агенција за храна и лекови (ФДА) за која било од нејзините девет вакцини. Исто така, ова е прв пат некој од нејзините производи да ја помине третата фаза од клиничките испитувања.
Како што пренесуваат американските медиуми, брзиот развој на вакцината против Ковид-19 од страна на истражувачите на „Модерна“, се должи на тоа што тие имале голема предност во искуството со овој вид на вирус.
Имено, тие претходно соработувале со експерти од Националниот институт за здравство за вакцина против друг вид на коронавирус, МЕРС. Кога кинеските научници го објавија геномот на Ковид-19 во средината на јануари, вработените во „Модерна“ веднаш се започнале за работа.
„Модерна“, за време на клиничките испитувања, на 15.000 учесници им дала плацебо, физиолошки раствор кој нема ефект. За неколку месеци, 185 учесници се заразиле со ковид-19, а кај 30 се развила потешка форма на болеста. Еден од нив починал.
15 000 други испитаници примиле вакцина, а само 11 од нив се заразиле со коронавирус; при што никој од заразените не развил потешки симптоми на болеста.
Вакцината била ефикасна кај сите возрасни групи, полови, расни и етнички групи и кај учесници со хронични заболувања кои биле изложени на ризик за развој на потешки симптоми на Ковида-19.
Вакцината „Фајзер“ / „Бионтек“ исто така имаше ефикасност близу 95%.
Вакцината на „Модерна“, како и онаа на „Фајзер“, изопрачува RNK или mRNK; генетски рецепт за создавање на делот од телата лоцирани на врвот на коронавирусот. Кога RNK се инјектира во организмот, нашиот имунолошки систем прави антитела кон површината односно „боцките“ на коронавирусот што треба да нè штитат дури и кога подоцна сме изложени на овој виру.
Така, и двете вакцини се потпираат на mRNK за да го спречат вирусот, само што имаат малку поинаков состав.
Си-ен-ен
Ново на Сител
-

Ангелов: Спречена катастрофа во виничко, запалена трева при сечење со брусилица | ВИДЕО
-

Приведен полицаецот кој наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал и го оштетил Буџетот за 85.500 денари
-

Во заедничка акција на Шпанија и Еквадор запленети 21 тон кокаин
-

Багаи: Иран и Оман постигнаа договор за бродската рута низ Ормуска Теснина
-

Закон за „граѓанска смрт“ во Русија: Москва им замрзнува имот и конзуларни услуги на емигрантите осудени во отсуство
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница
-

Утре сончево и многу топло со температура до 39 степени
-

Шекил О'Нил: Леброн ќе се обиде да дојде до 50.000 поени
