Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент

Потврдени се вкупно 44 случаи на западнонилска треска досега, од кои 43 се хоспитализирани, а повеќето од нив со невроинвазивна форма на болеста - изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде што се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата на западнонилската треска.
Тој упати апел до граѓаните - доколку забележат симптоми, како висока температура, вкочанет врат, дезориентација, слабост или грчеви - веднаш да се јават кај својот матичен лекар. Инаку, од почетокот на епидемијата досега 21 пациент се отпуштени од болница и упатени на домашно лекување, уште четворица пациенти денес се отпуштаат, а вкупно пет лица се починати - информира Министерството за здравство.
- Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справувањето со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик. При денешната посета на овие установи направив увид во капацитетите со кои располагаат од аспект на капацитети за хоспитализација, кадровска опременост, како и лабораториските реагенси за испитување - додаде Клековски.
МИА
Ново на Сител
-

Иран им се заканува на земјите што ја поддржуваат „економската војна“ на САД
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
