Ќе има ли европско решение за тоа што е клевета и навреда?
Спорниот закон за клевета и навреда во кој се предивудваше и одговорност за изјавено негативно мислење што за јавноста значеше цензура целосно ќе биде повлечен од Собранието, велат од министерството за правда.
Новата верзија на законот во која се брише формулацијата негативно мислење, но се остава понижувачкото или омаловажувачкото мислење денеска веќе помина на владина седница и ќе биде испратена во парламентот. И новиот закон, како и спорниот, ќе биде со европско знаменце односно за него ќе важат скратени собраниски процедури.
Експертите за медиуми велат дека новата верзија е ублажена и се приближува до актуленото решение. Сепак, предупредуваат дека препораките од ЕУ се воопшто да нема одговорност за навреда.
За опозицијата не се прифатливи ни највените измени. Реагираат и на тоа дека законот повторно е со европско знаменце.
Од власта велат дека добро е што грешките во законот ќе се коригираат.
Во актулениот закон за навреда одговара тој што со намера да омаловажи, со изјава, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази за друг понижувачко мислење, со кое се повредува неговата чест и углед.
Во најновата верзија што вчера ја најавија од правда за наврда ќе се одговара за омаловажувачко или понижувачко мислење, со кое се повредува нечија чест и углед. Во претходната спорна верзија за навреда се догвараше ако се изрази омаловажувачко, понижувачко или негативно мислење.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
