-->
-->
Кинеското ГП откажано во 2023 година поради политиката на нулта толеранција за Ковид
-->
Трката во Формула 1 за Големата награда на Кина ќе биде откажана четврта година по ред, јави „Би-би-си“.
Последен пат Формула 1 трка се одржа во Шангај во 2019 година. Трката во Кина беше закажана за 16 април 2023 година.
Сепак, политиката на нулта толеранција на Ковид на Кина го наведе Ф-1 да заклучи дека Гран-при нема да има. Членовите на тимот кои се заразиле со коронавирусот би поминале неколку дена во изолациони центри, па тркачката серија одлучи дека не се подготвени за таков ризик.
Така, помеѓу Големата награда на Австралија (2 април) и Азербејџан (30 април) се создаде пауза која не се знае дали ќе биде пополнета.
Формула 1 се обидува да ја премести трката во Баку за 23 април, но оваа идеја не наидува на разбирање кај организаторите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Деца со алергии ги полнат ординациите на педијатрите
-

Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
-

Преглед на вестите од светот
-

Една година од трагедијата во Кочани
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
